Мора да има увид во формата на главниот ривал за титулата

Османи во „шпиунажа“ на Вардар (Фото)

Вардар игра пријателски меч со Берое во Анталија, а тоа е шанса за претставниците на Шкендија да „снимат“ како игра главниот ривал за титулата

објавено: 23 јануари 2018 - 16:31

Вардар игра пријателски меч со Берое во Анталија, а тоа е шанса за претставниците на Шкендија да „снимат" како игра главниот ривал за титулата.

Ќатип Османи тренерот на лидерот во домашното првенство, „скокна“ неколку терени и пристигна на дуелот меѓу скопските „црвено-црни“ и бугарскиот тим, за да има увид во формата на Вардар.

И Шкендија е на подготовки во Анталија, па ќе има и реванш, односно и Чедомир Јаневски сигурно ќе сака да следи некој од пријателските мечеви на тетовци.

Дуелот меѓу Вардар и Берое го следеа и селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски и тренерот на Шкупи, Ардијан Нухиу.

Најново во Фудбал