Меч што заслужи повеќе публика

Отплови титулата за Тетово - Дерби со многу пресврти и шампионска победа на Шкендија против Вардар

Со головите на извонртедниот Бесарт Ибраими и на поранешнито вардарец Висар Муслиу, Шкендија го победи актуелнмиот првак Вардар со 3:2 на гости во дербито на 28. коло и се доближи на само еден бод од официјално освојување на титулата 

објавено: 18 април 2018 - 16:49

Со головите на извонртедниот Бесарт Ибраими и на поранешнито вардарец Висар Муслиу, Шкендија го победи актуелнмиот првак Вардар со 3:2 на гости во дербито на 28. коло и се доближи на само еден бод од официјално освојување на титулата.

Во меч со многу пресврти, возбудувањата ги најави Ибраими со гол во шестата минута. Веројатно најдобриот играч во ова првенство погоди во првиот посериозен напад на гостите, но потоа Вардар ја презеде иницијативата. Бојан Колевски израмни во 42. минута, а веднаш на стартот на вториот дел шампионот направи пресврт. Повратникот во тимот Хофханес Хамбарѕумјан изнуди пенал, а Дејан Блажевски погоди за предност на Вардар од 2.1.

И тогаш повторно на сцена стапи Ибраими со еврогол од слободен удар за 2.2 и негов 18. погодок во домашното првенство. Вардар се уште не се разбуди од шокот, а Висар Муслиу погоди за триумф од 3:2. Муслиу со уште еден гол против Вардар само покажа дека раководството на најтрофејниот клуб направи голема утка што дозволи стоперот да си замине без пари во Шкендија.

По денешната победа тетовци имаат 69 бодови, 23 повеќе од Вардар на 8 кола до крајот на првенството.

Најново во Фудбал