Нова епизода нетрпеливост

Ова е веќе серијал, Јосип Бартон по четврти пат го исклучи Јане Николовски

Чудна нетрпеливост постои меѓу судијата Јосип Бартон и на легендата на мак-фудбалот Јане Николовски, а недоразбирањата ги надминаа границите на фер-плејот и денеска на мечот меѓу Хоризонт Турново и Тиквеш

објавено: 8 март 2017 - 17:42

Чудна нетрпеливост постои меѓу судијата Јосип Бартон и на легендата на мак-фудбалот Јане Николовски, а недоразбирањата ги надминаа границите на фер-плејот и денеска на мечот меѓу Хоризонт Турново и Тиквеш.

По четврти пат Бартон го исклучи Николовски, кој е тренер на Хоризонт Турново, а интересно е што тие двајцата се еден наспроти друг на исто толку натпревари. 

„Ова ги минува сите граници на нормално однесување. Реагирав на една негова грешка и како да чекаше да кажам нешто, веднаш истрча спринт од дваесеттина метри за да ме отстрани од теренот. Нема да дозволам повеќе некој да си игра со моето име и реноме, што долго сум го градел и како репрезентативец на Македонија“, вели револтираниот Николовски. 

Хоризонт денеска загуби од Тиквеш во Турново на свој терен со 1:2, а Јане вели дека веќе е очигледно дека судењето на Бартон е на штета на клубовите каде тој е тренер.

„Нема ни кому да се жалиме. Замислете човекот ме исклучувца на секој меч што ни го суди. И никој не реагира. Ниту тие што го делегираат, ниту некој од Федерацијата се загрижил, дали не е симптоматично на 4 од 4 натпревари некој да ме отстранува од теренот. Затоа сме 165. на ФИФА ранг-листата, а со вакви постапки ќе паѓаме уште подолу“, додава Николовски.

Раководството на Турново размислува и за напуштање на Втората македонска лига.

„Се уште нема официјална најава, но секако дека размислуваме за повлекување. Нема смисла да се игра фудбал во вакви услови и со вакво судење“, заврши Николовски.

 

Најново во Фудбал