ПОРАДИ ЛОШИОТ ТЕРЕН ВО ТУРНОВО

„Пандевци" ги чекаат „лавовите" на „Младост"!

Натпреварот меѓу Победа и Беласица ќе се одигра во Кичево.

објавено: 12 февруари 2019 - 15:10

Ништо ново и невообичаено за овој период од годината, што се однесува до терените на кои веќе од овој викенд ќе се играат првите мечеви од пролетниот дел на сезоната.

Па така во недела Академија Пандев место во Турново, својот натпревар како домаќин против Македонија ЃП ќе го одигра на стадионот „Младост" во Струмица. Додека Победа, која две години талка низ државата, неделниот меч со Беласица ќе го одигра на Градскиот стадион во Кичево.

Да потсетиме дека Шкупи оваа полусезона како домашен стадион го пријави оној на ФФМ. Интересно е да се види дали Вардар ќе се врати на „Филип Втори".

 

Најново во Фудбал