1МФЛ: СКОРО ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА НА ДОМАШНИТЕ ЕКИПИ

„Пандевци“ го добија струмичкото дерби, „лавовите“ немоќни пред Шкендија!

Се одигра 11. коло од Првата македонска фудбалска лига, скоро сите домашни екипи триумфираа пред своите гледачи, единствено без голови заврши пресметката меѓу Вардар и Ренова.

објавено: 28 октомври 2018 - 15:51

Шкендија ја забележа и втората победа во низа (шеста сезонава) над Македонија ЃП со 5:1. Пред крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запишаа Муслиу и Ибраими. Тетовци рутински ја одработија задачата, а уште повеќе им се олесни поради вториот жолт картон на Филиповски кај „лавовите" (52.). Пенал не реализираше Мици кој шутираше над голот, тоа беше вкупно трет нереализиран пенал во 11. кола на Шкендија. Намали Кировски, а домаќините постигнаа уште гола преку Ибраими и двапати Нафиу.

Победа ја прекината низата од три порази по ред, откако денеска под Тумбе Кафе во Битола со 2:0 го совлада Шкупи. Радост за прилепчани донесоа Нвабуезе во 38. и Танушев во 68. минута од средбата.

Во струмичкото дерби Академија Пандев во Турново со 3:0 славеше над Беласица, уште во втората минута стрелаше Дориев, зголеми Крстовски за прекинување, а конечниот епилог го постави Миловановиќ за прекинување на лошата резултатска серија од четири натпревари по ред во шампионатот.

Немаше голови на натпреварот Вардар-Ренова на стадионот „Борис Трајковски" - Маџари, а Силекс на домашен беше подобар од Работнички.

Кратовци дојдоа до само втората победа благодарение на погодоците на камерунскиот интернационалец Есенгуе (40.) и Георгиев (82.). Во текот на првото полувреме „романтичарите" останаа со еден фудбалер помалку поради два жолти картони на Димитровски.

1МФЛ, 11. коло

ТУРНОВО: А.ПАНДЕВ - БЕЛАСИЦА 3:0
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА - МАКЕДОНИЈА ЃП 5:1
КРАТОВО: СИЛЕКС - РАБОТНИЧКИ 2:0
БИТОЛА: ПОБЕДА - ШКУПИ 2:0
СКОПЈЕ: ВАРДАР-РЕНОВА 0:0

Табела:

1.Вардар 24 бодови
2.Шкендија 22
3.Академија Пандев 19
4.Победа 14
5.Работнички 14
6.Македонија ЃП 13
7.Беласица 13
8.Ренова 12
9.Силекс 10
10.Шкупи 9

Најново во Фудбал