СТРУМИЧАНИ ЈА ЗАСИЛИЈА ОДБРАНАТА

„Пандевци" го потпишаа Стојчевски

Стоперот Стојан Стојчевски, досегашниот фудбалер на Силекс од денеска е нов член на Академија Пандев...

објавено: 7 јуни 2018 - 12:47

Стојан Стојчевски е првото лестно засилување во редовите на Академија Пандев. Стоперот кој до пред неколку дена беше член на Силекс, по кусите преговори со раководството на струмичани стави потпис и во наредната сезона ќе го носи дресот на „пандевци".

Инаку како што велат од таборот на струмичкиот прволигаш, допрва следуваат уште најмалку 2-3 промоции на нови играчи со кои се разговара.

Најново во Фудбал