ЗНАЧАЈНИ ТРИ БОДА ЗА СТРУМИЧАНИ

„Пандевци“ ја прескокнаа Победа

Доволен беше голот на Балдовалиев уште во 2. минута за да Академија Пандев ја совлада Победа со 1:0

објавено: 2 мај 2018 - 17:00

Големи и три значајни бодови освои екипата на А. Пандев на дуелот со Победа, на отворањето на 32. коло во ПМФЛ. Во не толку квалитетен натпревар, сепак „пандевци" со раниот гол на Зоран Балдовалиев, постигнат со глава уште во 2. минута, успеаја да победат со 1:0. Сосема доволно за триумф кој е екстра значаен за момците на тренерот Југослав Тренчовски.

Најново во Фудбал