Академците први стартуваа

Пандевци како швајцарски часовник - Точно на пладне ги почнаа зимските подготовки

Новите прволигаши од Академија Пандев први ги почнаа зимските подготовки, а стартот беше точно на пладне

објавено: 3 јануари 2018 - 13:54

Новите прволигаши од Академија Пандев први ги почнаа зимските подготовки, а стартот беше точно на пладне.

На првиот собир се договорени сите детаљи за распоредот на тренинзи, а Академците до 19. јануари ќе тренираат во Струмица, за потоа во главниот дел од подготовките да заминат за Анталија. Од 20. јануари до 4. февруари четвртопласираната екипа во нашето првенство ќе биде во турското одморалиште, а има закажано пет од планираните седум пријателски натпревари.

Младост Лучани од Србија, Енисеј од Русија, Сумкајит од Азербејџан, Приштина од Косово и Ниреѓихаза од Унгарија се сигурни тестови за Пандевци, додека останатите два ривали дополнително ќе бидат договорени.

Во првото пролетно коло на 14. февруари струмичани ќе му гостуваат на Шкупи на Чаир.

Најново во Фудбал