СТРУМИЧАНИ УТРЕ ГИ „ПАЛАТ МОТОРИТЕ"

„Пандевци" во 13 часот си закажаа прозивка

Стојкоски, Велинов и повратникот Мишов, се засилувањата во таборот на Академија Пандев

објавено: 3 јануари 2019 - 21:15

Академија Пандев утре во 13 часот ќе ги стартува зимските подготовки. Прво ќе имаат прозивка а потоа следува првиот тренинг во Новата 2019 година. Година во која струмичани посакуваат историски успех. А тоа е излез во Европа, и секако освојување на пехарот во Купот на Македонија. „Пандевци" до 24-25 јануари ќе работат во Струмица, каде ќе одиграат и две пријателски средби со екипи од Бугарија. Потоа се оди во Анталија и тоа третпат во својата клупска историја. Во Турција екипата на стратегот Југослав Тренчовски за ривали ќе ги има екипите на У-21 ЦСКА Москва, Динамо Врање, Сабуртало (Грузија), Локомотив Ташкент (Узбекистан). Се водат преговори барем за уште еден „тест" натпрвар.

Стојкоски, Велинов, Мишов... кој е следниот?

„Пандевци" се многу ажурни што се однесува до зимскиот преоден рок. Денеска својот трансфер го официјализираше Кристијан Стојкоски, еден од најдобрите офанзивци во Првата лига, потоа ново име е Стојанче Велинов а клубот го врати младиот и екстра талентиран напаѓач Александар Мишов. Сепак струмичани тука не застануваат со трансферите, велат дека ќе има уште две до три нови имиња оваа зима.

 

Најново во Фудбал