БРАЗИЛСКИОТ НАПАЃАЧ ЗА ОЧЕКУВАЊАТА ОВАА СЕЗОНА

Паулиста: Имам желба со Македонија ЃП да играм во Лига Европа!

Завршија репрезентативните обврски, наскоро ќе се вратат клупските, екипата на Македонија ЃП поради врнежите овој период мораше да тренира на алтернативниот терен со вештачка подлога

објавено: 20 ноември 2018 - 13:00

Тимот нема проблеми со отсутни играчи, односно сите беа досега на располагање во паузата. Бразилскиот напаѓач Фелипе Паулиста (24) кој летово потпиша еден и пол годишен договор со Македонија ЃП, ги споделувања своите очекувања оваа сезона:

„Тука условите се добри, го сакам градот. Тука фудбалот повеќе е физички, повеќе се трча, поразлично е. Од друга страна и комплицирано, кога има негативни резултати, вината се префрлува кај нам странците", рече Паулиста.

На табелата популарните „лавови" од Ѓорче се наоѓаат на седмото место со 16 бодови, а следното првенствено коло ќе го имат на 22. ноември на домашен терен против Шкупи од 13:00 часот.
Моментно се борат за избегнување на опасната зона на испаѓање, но бразилскиот напаѓач посакува на крајот од сезоната тимот да обезбеди место во Лига Европа.

„Имаме многу добар тим, требаше време да се вклопам, борбата за титулата во првенството е тешка, но сеуште имаме шанса да се квалификуваме за Лига Европа наредната година. Целта е да победуваме и постигнуваме голови, како Вардар и Шкендија кои се најдобри, ако тоа не го направиме, тешко потоа можат да се достигнат".

Додаде дека има уште една и пол година од договорот со Македонија ЃП и дека добил неколку понуди да се врати во Бразил. Ќе продолжи да работи напорно, да се подобри играта и дека мора да се размислува за високи цели.

Најново во Фудбал