Петто реми на подготовките во Аланија

Пелистер знае само за реми

Битолчани и во петтиот контролен натпревар, овој пат против силниот бугарски тим Нефтохимик одиграа без победник односно 1:1

објавено: 8 февруари 2017 - 16:56

Петти подготвителен натпревар за Пелистер во Аланија и петто реми. Битолскиот тим овој пат одигра 1:1 против силниот бугарски тим Нефтохимик.

Екипата од Бугарија поведе со 0:1 во петтата минута кога по десната страна крилото Галин Иванов нафрли на втората статива, додека сигурен реализатор беше Владислав Романов.

Пелистерци ја преземаа иницијативата и создаваше шанси, но, немаше реализација. Сепак, 20. минути по водството на Бугарите, „зелените" израмнија преку Иве Трифуновски. Нафрлена типка од Тошевски на пеналтикот, а таму добро се снајде Баже Илијоски кој само ја спушти топката до реализаторот за конечни 1:1.

 

Најново во Фудбал