БИТОЛЧАНИ ГИ ПОТПИШАА ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА

Пелистер ги промовираше Љамчевски, Јовановски, Цветаноски и Пеев

Благоја Љамчевски, Марко Јовановски, Матеј Цветаноски и Оливер Пеев, и официјално се нови играчи на Пелистер.

објавено: 13 јуни 2017 - 11:34

Пелистер започна со градење на составот за настапите во Лигата на Европа. Битолчани денеска и официјално ги промовираа четирите нови засилувања. Станува збор за Благоја Љамчевски, Марко Јовановски, Матеј Цветаноски и Оливер Пеев.

Тие денеска беа промовирани во дресот на Пелистер, и со тоа се потврдија најавите во изминатите неколку денови.

Според неофицијални информации, битолскиот тим за следната сезона ќе го нема еден од најдобрите фудбалери Баже Илијоски, кој најверојатно ќе се врати во Работнички.

 

Најново во Фудбал