ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО

Пелистер го напаѓа второто место на Шкендија

Дербито се игра во Тетово, каде Шкендија го пречекува Работнички. Со евентуален кикс на тетовчани, Пелистер може да дојде скокне на табелата

објавено: 27 ноември 2016 - 11:50

Дуелот меѓу Шкендија и Работнички терба да биде во фокусот наденешното 16. коло во Првата лига. Тетовчани се апсолутни фаворити ако се знае дека играат пред своите навивачи, но и резултатите од претходните неколку средби. Во последните осум меѓусебни дуели, Шкендија има шест победи и само две нерешени, без пораз. Сепак Работнички е тим кој секогаш може да изненади.

Кикс на Шкендија ќе чека Пелистер. Битолчани гостуваат во кратово кај Силекс и со евентуални нови три бода и пораз на Шкендија, ќе се искачат на второто место на табелата. Голманот на Пелистер, Горан Пашковски,  ќе се обиде седми меч по ред да ја сочува својата мрежа незатресена. 

Шампионот Вардар ќе се обиде брзо да се рехабилитира по поразот во минатото коло од Работнички. „Црвено-црните“ на домашен терен играат против Ренова и се очекува три бода од овој меч. 

Двојки за 16. коло (13 часот): Вардар - Ренова, Шкендија - Работнички, Силекс - Пелистер, Шкупи - Брегалница и Победа - Македонија Ѓорче Петров.

 

Најново во Фудбал