После лошата серија, дојдоа до важен триумф на домашен терен

Пелистер го прескокна Силекс!

Пелистер одигра за второто место на Вардар, но и за својот опстанок во првенството. Битолските „зелени" со 2:1 го победија Силекс и ги задржаа шансите за останување во „елитата". Стрелци на головите беа Маневски и Коњарски, а за кратовци погоди Бујчевски кога израмни на 1:1.

објавено: 25 април 2018 - 18:12

Пелистер одигра за второто место на Вардар, но и за својот опстанок во првенството. Битолските „зелени" со 2:1 го победија Силекс и ги задржаа шансите за останување во „елитата". Стрелци на головите беа Маневски и Коњарски, а за кратовци погоди Бујчевски кога израмни на 1:1.

После триумфот над Вардар, Победа беше немоќна на „Чаир" и поразена од составот на Шкупи. Со тоа чаирчани во голема мера го решија прашањето околу опстанокот. „Гулабите" преку Јашароски, Чан и Илијоски имаа 3:0, а Најдовски само успеа да намали во финишот.

Исто така голем чекор кон опстанокот направи и Ренова која го порази Скопје. Со тоа „пиратите" влегоа во една лоша серија со малку шанси да се избори опстанокот. Тимот од Тетово овој триумф го обезбеди со головите на Стојановски и на Костов.

Академија Пандев ја честиташе титулата на Шкендија со „реми" во Турново 2:2. Новиот шампион на полувреме имаше 0:2 преку Жуниор и Ибраими. „Академците" стигнаа до израмнување и бод со погодоците на Балдовалиев и на Атанасов од пенал.

Претходно Работнички со голот на Ангелов го порази Вардар со 1:0.

РЕЗУЛТАТИ 30. КОЛО
Вардар - Работнички 0:1
Ак. Пандев - Шкендија 2:2
Шкупи - Победа 3:1
Пелистер - Силекс 2:1
Ренова - Скопје 2:0

ТАБЕЛА:
1. Шкендија 76
2. Вардар 49
3. Силекс 45
4. Работнички 41
5. Ренова 37
6. Ак. Пандев 36
7. Шкупи (-1) 36
8. Победа 29
9. Пелистер (-1) 28
10. Скопје 25

Најново во Фудбал