ДЕНЕСКА СЕ ИГРА 31. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА

Пелистер го сака третото место на Работнички

На „Филип Втори Арена“ во Скопје „романтичарите“ ќе ги бранат четирите бода кои ги имаат во моментов пред битолскиот тим

објавено: 3 мај 2017 - 11:50

Работнички и Пелистер, денеска од 16 часот на „Филип Втори Арената“ ќе играат во дербито на 31. коло од фудбалското првенство. Ова ќе биде меч во борба за третото место на табелата. „Романтичарите“ моментно имаат 48 бодови, додека битолчани заостануваат четири бода. 

Пелистер сака реприза од последното гостување кај Работнички, кога во ноември славеше минимално со 1:0. Со евентуални нови три бода, Пелистер ќе се врати со многу пореални шанси за третото место. Гостите сакаат да ја искористат и мини кризата на Работнички, кој победи само еднаш на последните пет средби. 

Шампионот Вардар е апсолутен фаворит на гостувањето во Штип против Брегалница, додека Шкендија ќе игра на гости кај Победа. Ренова е домаќин на Шкупи, а „фенерџијата“ Македонија Ѓорче Петров ја пречекува екипата на Силекс.  

Најново во Фудбал