Како загревање за мечот за титула

Пелистер и Шкендија во претпремиера на финалето на купот

Пелистер и Шкендија денеска ќе играат првенствен меч од домашната лига, како загревање за финалето во националниот куп. Двете екипи втора година по ред се финалисти и пак ќе играат за круната во купот, но денеска на мени се првенствените бодови

објавено: 15 април 2018 - 14:33

Пелистер и Шкендија денеска ќе играат првенствен меч од домашната лига, како загревање за финалето во националниот куп. Двете екипи втора година по ред се финалисти и пак ќе играат за круната во купот, но денеска на мени се првенствените бодови.

Од 16 часот Пелистер ќе и биде домаќин на Шкендија и бодовите за битолчани живот значат. Пелистер се бори за опстанок, а тетовци се релаксирани и веќе можат да ја слават домашната титула.

Во слична ситуација се и старите скопски ривали, Вардар и Шкупи. Актуелниот шампион ќе игра за престиж и за победа над лутиот ривал, а Шкупи е во чудна ситуација. Може да игра и во Европа, но и да испадне, па бодовите им се многу попотребни.

Уште едно скопско дерби ќе играат и Скопје и Работнички, а од 15 часот Силекс и Академија Пандев ќе бијат битка за Европа. За спас во Тетово на мегдан ќе излезат Ренова и Победа.

Најново во Фудбал