Бидејќи доцни реконструкцијата на „Под тумбе кафе“

Пелистер на туѓ терен ќе игра како домаќин

Првиот меч како домаќини во пролетниот дел од сезоната „зелено-белите“ ќе го играат на стадионот „Атина Бојаџи“

објавено: 21 февруари 2017 - 09:37

Битката за излез во фудбалска Европа, екипата на Пелистер ќе ја води на туѓ терен. Битолскиот тим нема да има можност во следниот период мечевите како домаќин да ги игра на својот стадион „Под Тумбе кафе“. Тоа е така, бидејќи уште не е завршено реновирањето на битолскиот стадионот. Челниците на Пелистер со соопштение најавија дека следниот дуел против Брегалница ќе го играат на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид. Поради казна на битолчани, таа средба ќе се игра пред празни трибини. 

„Ја информираме целокупната спортска јавност, љубителите на фудбалот од Битола и навивачката група „Чкембари“ дека мечот од 20 коло од Прва МФЛ против Брегалница Штип, закажан за 25 февруари, ќе се игра на спортскиот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид. Истовремено информираме дека и покрај сите напори од управата на клубот, раководството и спонзорите на ФК Плелистер, кои беа превземани во изминативе два месеци, во врска со навремено реновирање на соблекувалните во рамките на стадионот „Под Тумбе кафе“, не вродија со плод, Сопственикот на градскиот стадион, општина Битола, не најде за сходно да одговори на клупските повици и барања за елементарно оспособување на соблекувалните, согласно пропишаните критериуми, за да може ФК Пелистер, во пролетниот дел од сезоната да ги игра домашните натпревари на „Под тумбе кафе“. Оттука, за жал можеме само да констатираме дека поради ваквиот однос на општината кон ФК Пелистер, клубот е принуден да најде ад хок решенија (за играње домашни натпревари во други градови), кои се директна штета на патот кон фудбалска Европа“, стои меѓудрогото во соопштението на ФК Пелистер.

Од клубот најавуваат дека додека не се создадат минимални услови на стадионот „Под Тумбе кафе“, ќе мора да бараат други градови каде ќе играат, па и на домашните мечеви ќе играат како „гости“.

Најново во Фудбал