СУДИИТЕ НЕ ВИДОА ИГРАЊЕ СО РАКА

Пелистер оштетен за пенал во Струмица (Видео)

Пелагониското дерби беше со многу возбудувања, а на крајот Победа и Пелистер освоија по еден бод, во ремито 2:2

објавено: 20 февруари 2017 - 10:20

Дербито во Струмица ги оправда очекувањата. Победа и Пелстер одиграа интересен меч со дури четири погодоци, но на крајот немаше победник. Битолчани два пати беа во водство, но Победа не се предаде и ја надополнуваше негативата.

Судијата Димитар Мечкаровски досуди два пенали, по еден на двете страни. Прво прилепчани го реализираа ударот од белата точка, кога израмнија на 1:1 во првото полувреме, а потоа и Пелистер преку Баже Илијоски даде гол од 11 пенал за водство од 2:1.

И покрај двете досудени најстроги казни, останува дилемата дали Пелистер сепак на крајот беше оштетен, бидејќи требаше да добие уште еден удар од белата топка.

По една мешаница во шеснаесетникот на Победа, топката заврши во раката на еден од домашните играчи. Иако битолчани сигнализираа дека има игра со рака, судијата Мечкаровски и неговите помошници решија дека нема пенал за Пелистер. 

Најново во Фудбал