Гостите освоија само еден бод

Пелистер расипа идеално попладне за домашните екипи

Пелистер со погодок во самиот финиш против Академија Пандев спречи комплетна радост на домашните екипи на четирите денешни дуели од 24. коло. Битолчани израмнија на 1:1 во третата минута од судиското продолжение и единствени како гости освоија бод

објавено: 17 март 2018 - 16:06

Пелистер со погодок во самиот финиш против Академија Пандев спречи комплетна радост на домашните екипи на четирите денешни дуели од 24. коло. Битолчани израмнија на 1:1 во третата минута од судиското продолжение и единствени како гости освоија бод.

Александар Ристевски најдобро се снајде во гужвата и погоди за голем бод за Пелистер. Академија Пандев долго водеше со 1:0, но втората епизода од трилогијата со Пелистер заврши нерешено.

Слободан Крчмаревиќ имаше победничко деби на клупата на Победа, а прилепчани со 2:0 го надиграа Работнички. Иако почна лошо за домаќините по црвениот картон за Гешоски, сепак успеаја да освојат значајни три бода во битката за опстанок. Лога и Најдовски погодија за триумф на Победа.

Енис Фазлагиќ со гол во 16. минута и донесе триумф на Шкендија против Силекс, а со идентичен резултат Вардар ја победи Ренова. Стрелец беше Дејан Блажевски во 23. минута.

Табела, 24. коло: Шкендија 62, Вардар 46, Силекс 36 (еден меч помалку), Шкупи (-1) и Академија Пандев по 29, Работнички 28, Ренова и Победа по 25, Пелистер 22 (-1), Скопје 17 (-1).

Најново во Фудбал