Битолчани и чаирчани го играат премиерниот меч од 33. коло

Пелистер со мислите на два фронта, Шкупи сака бодови за спас од Битола

Пелистер и Шкупи ќе играат денеска од 16,30 часот во премиерниот меч од 33. коло во Првата лига. Дуел што е многу значаен за двете екипи и бодовите им се неопходни и на битолчани и на гостите од Скопје

објавено: 13 мај 2017 - 13:50

Пелистер и Шкупи ќе играат денеска од 16,30 часот во премиерниот меч од 33. коло во Првата лига. Дуел што е многу значаен за двете екипи и бодовите им се неопходни и на битолчани и на гостите од Скопје.

Пелистер сака победа за да се задржи на четвртата позиција, а за нив меч-топка за излез во Европа ќе биде финалето во националниот Куп, во среда во Струмица со Шкендија. Сепак пелистерци не смеат да калкулираат денеска против Шкупи, ако сакаат да бидат сигурни дека ќе имаат можност да атакуваат на квалификации во Европа Лигата со пласманот во првенството. Со 48 бода на 4 кола до крајот не им е сигурна четвртата позиција, бидејќи Ренова е зад нив со минус од само 3 бода.

Шкупи влезе во серија неуспеси во домашното првенство, а со поразот од Победа на свој гтерен во минатото коло, сега е во опасни води. Со само еден бод повеќе од прилепчани, тие се на работ на испаѓање, а пораз во Битола дополнително ќе им ја комплицира работата.

Утре се играат останатите 4 натпревари, во ист термин од 16,30 часот.

Двојки, 33. коло: Пелистер - Шкупи, Работнички - Вардар, Ренова - Силекс, Македонија Ѓ.П - Шкендија, Брегалница - Победа.

 

Најново во Фудбал