Сефте за Битолчани во подготвителниот период

Пелистер со пресврт победи против Лабуништа

Пелистер ја забележа првата победа во подготвителниот период во вториот меч, а со пресврт битолчани славеа со 2:1 против второлигашот Лабуништа

објавено: 1 февруари 2018 - 15:09

Пелистер ја забележа првата победа во подготвителниот период во вториот меч, а со пресврт битолчани славеа со 2:1 против второлигашот Лабуништа.

Мечот се играше во Струга и домаќините поведоа во второто полувреме, но потоа прволигашот се разбуди и со головите на Трифуновски и Ристевски победи со 2:1.

Пелистерци доцна ги почнаа подготовките, а до почетокот на вториот дел од домашното првенство ќе одиграат уште две пријателски средби со Новаци и со Влазрими и двата во Битола.

Најново во Фудбал