Интерсно коло во двет Втори лиги

Петка за Тетекс од Македонија, Еуромилк и Борец се вратија во битка за Прва лига

Македонија многу лесно го доби дербито против Тетекс во Втората лига Запад и со „петарда“ ги испрати тетовци во битка за опстанок, и повторно се проби на третата позиција. Шанси за пласман во повисок ранг има и Еуромилк по пресвртот против Локомотива и победата од 2:1. Идентично сценарио имаше и во Велес во источниот дел од лигата, а Борец со два гола ја анулира негативата против Осогово и славеше со 2:1

објавено: 18 март 2018 - 16:24

Македонија многу лесно го доби дербито против Тетекс во Втората лига Запад и со „петарда" ги испрати тетовци во битка за опстанок, и повторно се проби на третата позиција. Шанси за пласман во повисок ранг има и Еуромилк по пресвртот против Локомотива и победата од 2:1. Идентично сценарио имаше и во Велес во источниот дел од лигата, а Борец со два гола ја анулира негативата против Осогово и славеше со 2:1.

Симеон Христов со гол во првата минута ја најави голеадата во Ѓорче Петров, а до полувремето беше 4:0 за Македонија. Тетекс немаше решение за отпор, па до крајот прими уште еден гол и загуби со убедливи 5:1.

Христов и Костовски постигнаа по два гола, а еден постигна ветеранот Боби Божиновски. Филип Јовановски беше стрелец на голот за Тетекс.

Зајас со гол во финишот го победи последнопласираниот Новаци, а во битка за пласман во Првата лига се врати Еуромилк. Во локалната пресметка домаќините анулираа негатива од 0:1 против Локомотива и победија со 2:1.

По исто сценарио и Борец во Велес освои три бода со Осогово, а пресвртот го запечати Николовски со прекрасен гол.

Кожув и Плачковица ремизираа, 1:1, а Тиквеш славеше со 1:0 против Саса.

Табела, 17. коло, Исток: Беласица 37, Брегалница и Борец по 32, Кожув 27, Тиквеш 26, Плачковица 22, Саса 15, Осогово 11, Победа Валандово 10.

Табела, 17. коло Запад: Гостивар и Влазрими по 31, Македонија Ѓ.П. 29, Еуромилк и Струга Трим Лум по 27, Лабуништа 26, Тетекс 20, Локомотива 19, Зајас 15, Новаци 7.   

Најново во Фудбал