ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА МУ НАНЕСЕ НОВ СРАМ НА ЕКС ШАМПИОНОТ

„Пиратите“ со Кофи го „измија“ Вардар (Видео)

Фудбалерите на Скопје покажаа како се игра за дресот на својот клуб. Кофи во 45. минута беше стрелецот на победничкиот гол. Мечот на Чаир заврши без победник, Шкендија го надигра Работнички а Пелистер пак иако имаше 0:1, сепак дојде до 3:2

објавено: 2 мај 2018 - 18:11

Скопје со 1:0 славеше голема и чиста победа над Вардар, со што на екс првакот му нанесе нов срамен пораз. Кофи во 45. минута беше стрелецот на победничкиот гол.

Шкупи и Силекс на жешкиот Чаир одиграа 1:1, Имери даде гол за предност на Шкупи, а Филиповски израмни.

МАЈСТОРОТ ФАЗЛАГИЌ...
Шкендија без никакви проблеми го совлада Работнички со 3:0, со што по по пауза од две кола се врати на победите. Централна фигура на мечот беше Енис Фазлагиќ со двете суперасистенции по кои Жуниор и Алими стрелаа во мрежата на Божиновски. Третиот гол беше дело на Тодоровски. Инаку Работнички мечот го заврши со играч помалку зошто Садики доби црвен картон.

ХРАБРИОТ ПЕЛИСТЕР

Голема, голема победа на храбриот Пелистер, и тоа над Ренова и тоа со 3:2. „Гипсарите" поведоа со голот на Незири, домашните израмнија преку Илиевски, потоа со голот на Маневски и поведоа. Ренова пак израмни преку Скендери но Димче Ристевски со погодокот во 85. минута му донесе триумф на својот тим.

РЕЗУЛТАТИ - 32. КОЛО
ШКУПИ - СИЛЕКС 1:1
ВАРДАР - СКОПЈЕ 0:1
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ 3:0
ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА 3:2
А. ПАНДЕВ - ПОБЕДА 1:0

ТАБЕЛА
1. Шкендија 79
2. Вардар 52
3. Силекс 46
4. Работнички 42
5. Ренова 40
6. А. Пандев 39
7. Шкупи (-1) 38
8. Победа 32
9. Скопје 31
10. Пелистер (-1) 31

 

Најново во Фудбал