ТРЕНЕРОТ НА ХОНВЕД СЕ УШТЕ ПАМЕТИ ШТО МУ СЕ СЛУЧИ НА ИЛИНДЕН

ПО 12 ГОДИНИ: Повторно на мегдан, ЃОРЕ - АТИЛА!

Тие 4:1 за Работнички предводен од Ѓоре, и елиминацијата на неговиот тим во 2.квалификациско коло во ЛШ, беа доволни Атила Шупка да добие отказ од Дебрецин

објавено: 22 јуни 2018 - 18:15

Факт е дека Работнички доби исклучително тешка ждрепка во името на Хонвед, на најславниот тим од Унгарија. Но поголема опасност доаѓа од тренерот на тимот од Унгарија. Атила Шупка, никогаш нема да заборави што му се случи на 2 август 2006 година, и тоа во Скопје и тоа од Ѓоре и од Работнички.

Тогаш Дебрецин беше најголемиот тим во Унгарија, на првиот меч од 2. квалификациско коло во ЛШ беше 1:1, следуваше реваншот во Скопје. Сидибе му носи водство на Дебрецин а Шупка се перчеше на атлетската патека на тогаш Градскиот стадион. И тогаш дојде наредбата од Ѓоре до неговите момци да тргнат на се или ништо. И добија се. Тоа беше веројатно најспектакуларната игра на некоја наша екипа во Европа. Неџипи, Трајчов, Пејчиќ и Нено, погодија за 4:1 и просто го сомлеа составот на Шупка. Реално резултатот требаше да биде не 4:1, туку 7:1 или 8:1.
По тој меч уште во соблекувалната Шупка доби „нога" од газдата на клубот и посрамен го напушти Скопје.
Затоа велиме дека одмаздата која Шупка им ја подготвува на Работнички и на Ѓоре ќе биде најголемата опасност по нашиот тим.

Најново во Фудбал