КАЗНИ ЗА КАПИТЕНИТЕ НА ШКЕНДИЈА И НА ВАРДАР

По два меча пауза за Хасани и за Грнчаров, суспендиран е и теренот во Тетово

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги казни капитените на Шкендија и на Вардар, Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров со по два меча, за инцидентот во Тетово, завчера, кога и двајцата беа исклучени. Теренот во Тетово е суспендиран, а допонително ќе биде одредено колку натпревари Шкендија нема да игра на свој терен, или без публика

објавено: 21 април 2017 - 16:26

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги казни капитените на Шкендија и на Вардар, Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров со по два меча, за инцидентот во Тетово, завчера, кога и двајцата беа исклучени. Теренот во Тетово е суспендиран, а допонително ќе биде одредено колку натпревари Шкендија нема да игра на свој терен, или без публика.

Грнчаров и Хасани беа најратоборни при инцидентот во 32. минута на реванш-мечот од полуфиналето во националниот куп, па добија црвени картони. Потоа на терен влетаа навивачи на Шкендија со цел да се пресметаат со гостинските играчи на Вардар, што е тежок инцидент, па казната би требало да биде драстична.

Во Европа казните за слични ситуации се десетина натпревари сеуспензија, а каква ќе биде конечната одлука на дисциплинците во ФФМ веројатно ќе се знае во понеделник. Шкендија и Вардар повтоорно ќе играат меѓусебе во среда, во меч од домашниот шампионат, а тетовци се домаќини.

Најново во Фудбал