По Јуфо, уште еден играч на Вардар нема да патува за Ереван

Стратегот на Вардар, Бобан Бабунски на гостувањето кај Пјуник (12. јули) нема да смета на услугите на бразилскиот напаѓач. 

објавено: 7 јули 2018 - 11:00

Откако поради повреда од списокот на Бобан Бабунски за гостувањето кај Пјуник отпадна Виктор Нилдо Јуфо, на првиот квалификациски дуел од Лига Европа во Ереван (12. јули) нема да патува ниту Камерунецот, Кларенс Жуниор Битанг. 

Играчот од средниот ред не доби ерменска виза, но тој ќе биде во составот на Вардар на реванш мечот во Скопје.

Што се однесува до Јуфо, ќе паузира три недели поради повреда на мускул од ногата здобиена на контролните натпревари за време на подготовките во Словенија. Бразилецот по враќањето во Скопје не тренира со екипата која се подготвува за Пјуник.

Македонскиот вицепрвак вчера промовира две нови имиња  Вилијан Лира Соуза и првиот аргентински фудбалер во историјата на „црвено-црните“, Николас Хозе Херанц. Двајцата ќе му бидат на располагање на Бабунски за првиот евро-дуел.

Најново во Фудбал