ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА МАКЕДОНКИ ВО НАЈДОБРИОТ БАЛКАНСКИ КЛУБ

По Марковска и Крстаноска: И гол-машината Јаковска потпиша за Спартак!

Ели Јаковска, македонската фудбалерка која ги бранеше боите на Драгон ја напушти нашата земја и потпиша договор со еден од најорганизираните тимови на Балканот, Спартак Суботица.

објавено: 14 јули 2015 - 16:10

По Симона Крстаноска и Александра Марковска, Јаковска е третата македонска фудбалерка која од наредната сезона ќе игра во Србија. Таа настапува на напаѓачката позиција и е вистинска гол-машина - минатата сезона постигна над 50 гола, а исто така и од ФФМ доби признание за најдобар стрелец во женска конкуренција во 2013 година.

„Чест и задоволство ми е да бидам дел од клуб како Спартак. Фудбалерките добро ме прифатија и уверена сум дека заедно може да оствариме успех на натпреварите кои следат во Лигата на шампионите“, беа првите зборови на Јаковска по потписот со српскиот клуб.

Екипата на Спартак во средината на август ќе настапи во квалификацискиот циклус за пласман во ЛШ. Тимот се наоѓа во групата 6 заедно со Осиек (Хрватска), Бенфика (Португалија) и Норок Ниморени (Молдавија).

Најново во Фудбал