ВO ПРИЛЕП ПРСТИГНА И ШЕСТОТО ЗАСИЛУВАЊЕ

Победа го пормовираше Кача

Српскиот десен бек, Ервин Качар нов играч на Победа. Прилепчани пред малку и официјално го промовираа своето шесто засилување за новата сезона. 

објавено: 25 јули 2017 - 21:23

Српскиот десен бек Ервин Качар нов играч на Победа. Прилепчани пред малку и официјално го промовираа своето шесто засилување за новата сезона.

„Од денеска нов играч на Победа е 26-годишниот српски фудбалер Ервин Качар. Станува збор за фудбалер кој потекнува и во најголем дел од кариерата настапувал за тимот на Нови Пазар и тоа најчесто на позицијата денес бек, повремено и десно крило. Со неговиот ангажман стручниот штаб планира да ја пополни празнината по неочекуваното и некоректно заминување од клубот во текот на подготовките во Банско на Бојан Георгиевски“, известија од таборот на ФК Победа на својата официјална „Фејсбук“ страница.

Победа претходно ги потпиша новаците Борче Маневски, Нове Ацески, Ѓоре Јованоски, Тулат Хумбатов и Јасир Асани.

Најново во Фудбал