ПОЗНАТ „ВОЗНИОТ РЕД“ НА ПРИЛЕПЧАНИ ОВАА ЗИМА

Победа ќе се „тестира“ со Ренова, Царско Село, Брегалница...

„Генералката" на 10 февруари ќе биде против Пелистер. Прилепчани дел од своите подготовки ќе ги одработат во Дојран

објавено: 12 јануари 2019 - 17:30

Раздвижено е во таборот на Победа. Играчите под водство на стратегот Јане Николоски вредно ја одработуваат воведната фаза од подготовките, додека раководството прави напори во целост да се исполни планот.

Познато е дека најважниот дел од тековните подготовки прилепчани ќе ги одработат во Дојран, ново е тоа што е дефиниран „возниот ред" во врска со пријателските натпревари. Па така прилепчани ќе почнат со Ренова (22 јануари), местото на одигрување се уште не е прецизирано. Три дена подоцна во Дојран, екипата на Победа ќе ги одмери силите со составот на Царско Село од Бугарија, на 28 јануари се игра против Брегалница, додека на 31 овој месец против Кожуф.

На 3 идниот месец ривал ќе биде Тиквеш, додека „генералката", против Пелистер, е закажана за 10 февруари. Останува можноста за одигрување на уште еден натпревар на 6-7 февруари.

Најново во Фудбал