Се редат порази

Победа не може никого да победи - Косовска Дрита ги декласира прилепчани со 3:0

Победа го претрпе и петтиот пораз во серија на зимските подготовки, а денеска прволигашот од Прилеп загуби убедливо со 0:3 од косовскиот прволигаш Дрита 

објавено: 2 февруари 2018 - 14:12

Победа го претрпе и петтиот пораз во серија на зимските подготовки, а денеска прволигашот од Прилеп загуби убедливо со 0:3 од косовскиот прволигаш Дрита.

Тимот од Гњилане изненади и со три погодоци во второто полувреме го декласира многу пореномираниот ривал, кој игра во Првата македонска фудбалска лига.

Победа претходно ги загуби и дуелите со Шкендија, со Ренова, со Мачва и со Јавор Ивањица, а гол-разликата им е катастрофална.

Прилепчани постигнаа само еден гол, а примија 13, па ќе имаат тешка задача да ја поправат формата до стартот на вториот дел од домашното првенство.

Победа ќе игра со Пелистер во првиот меч од продолжението на нашиот шампионат, на 14. февруари во Прилеп.

Најново во Фудбал