На Могилата реми, 1:1

Победа остана без победа во зимскиот период - Генералката со Осогово заврши нерешено

Прилепска Победа не успеа да ја забележи првата победа во зимскиот подготвителен период, а денеска и покрај предноста од 1:0, одигра нерешено, 1:1 против Осогово

објавено: 7 февруари 2018 - 15:24

Прилепска Победа не успеа да ја забележи првата победа во зимскиот подготвителен период, а денеска и покрај предноста од 1:0, одигра нерешено, 1:1 против Осогово.

Ова беше генерална проба за Победа пред продолжението на домашниот шампионат на 14. февруари против Пелистер, а второлигашот Осогово се покажа како цврст противник.

Прилепчани поведоа во второто полувреме, но тимот од Кочани успеа да израмни. Победа е во процес на обновување на тимот, зимово дојдоа доста нови играчи, па очигледно ќе треба време мозаикот да се вклопи.

 

Најново во Фудбал