Мина долг период

Победа сака да го прелета Пелистер, за првпат во прволигашко друштво по една деценија пауза

Победа долго пости во дуелите со Пелистер на гостински терен во Битола, а триумф „Под Тумбе кафе“ во прволигашко друштво прилепчани немаат од октомври 2008 година

објавено: 13 октомври 2017 - 14:51

Победа долго пости во дуелите со Пелистер на гостински терен во Битола, а триумф „Под Тумбе кафе" во прволигашко друштво прилепчани немаат од октомври 2008 година.

Треба да се напомене дека двете екипи одреден период беа второлигаши, а Победа дури тргна и од најнизок ранг, како новоформиран клуб, по суспензија на старата Победа.

Во октомври 2008 година прилепчани славеа во прволигашки дуел во Битола со 1:0, а стрелец беше сегашниот репрезентативец Илија Несторовски, тогаш член на Победа.

Мечот се игра утре од 14,30 часот.

Најново во Фудбал