ВЕТЕРАНОТ СЕ ВРАЌА ВО ПРИЛЕП

Победа се засили со Маневски

Победа го ангажираше првото засилување за новата сезона, откако едногодишен договор со прилепскиот тим потпиша 32-годишниот ветеран Борче Маневски

објавено: 22 јуни 2017 - 16:16

За Маневски ова е кам-бек во Победа, бидејќи двапати беше во тимот, во сезоните 2004/05 и 2006/07, во втората шампионска генерација на гимот. Тој има 48 настапи за Победа, по што играше во Лехна, Полска, во Работнички, Вардар, Банат (Србија), Чаинат (Тајланд), и Балза (Малта.

„Среќен сум што по 10 години се враќам во Победа, клуб кој ми овозможи развој на кариерата и клуб во кој имав длична соработка со челните чуѓе и посебен одос со навивачката група ’Мајмуни’. Се надевам  на успешна сезона“, изјави Маневски.

Најново во Фудбал