Неефикасни прилепчани

Победа сонува гол и победа на пријателските мечеви, пораз и од Мачва

Победа го претрпе и третиот пораз во подготвителниот период, а прилепчани повторно не успеаја да постигна гол во неуспехот против Мачва

објавено: 28 јануари 2018 - 13:52

Победа го претрпе и третиот пораз во подготвителниот период, а прилепчани повторно не успеаја да постигна гол во неуспехот против Мачва.

Во Охрид, гостите од Шабац, Србија славеа со 3:0, а мечот го решија многу рано со два гола до десеттата минута. Постигнаа уште еден во второто полувреме за убедлива победа против македонскиот прволигаш.

Победа имаше многу проблеми, подоцна почна со зимските подготовки, а веќе има три порази во серија без постигнат гол и сите ги доживеа во Охрид. Прво ги победи Ренова со 1:0, потоа и Шкендија со 2:0, а сега и Мачва со 3:0.

Славољуб Бубања ќе мора да корегира многу работи во играчкиот кадар и во играта на Победа, екипа што нема постигнато гол веќе 270 минути на тест натпреварите зимава.

Најново во Фудбал