Прилепчани утре се селат во Охрид

Победа во ритам - Како Бубањ(а) ќе каже (Фото)

Црногорскиот тренер Славољуб Бубања го засили темпотот на подготовките на Победа, а од утре прилепчани се селат во Охрид, каде ќе го играат и првиот пријателски меч против Шкендија

објавено: 15 јануари 2018 - 17:53

Црногорскиот тренер Славољуб Бубања го засили темпотот на подготовките на Победа, а од утре прилепчани се селат во Охрид, каде ќе го играат и првиот пријателски меч против Шкендија.

Се тренира двапати дневно, а ритамот е во стилот на позната песна на Електрични Оргазам „Како Бубањ(а) ќе каже“.

Играчите на Победа денеска од 15 часот тренираа и на теренот во Могила, а утре од 12 часот играат против лидерот во домашното првенство Шкендија. Тоа е првиот од шестте веќе договорени зимски тест натпревари.

Најново во Фудбал