Се бара наследникот на Акраповиќ

Почна лицитацијата во Тетово, кандидати за тренер на Шкендија се Хаси, Цана, Јоса...

Почна лицитацијата во Тетово за наследник на Бруно Акраповиќ во Шкендија, а кандидати за нов тренер има многу. Се шпекулира со имињата на Јоса, потоа и на Хаси, па дури има комбинација и легендарниот Лорик Цана да пристигне на „Еколог Арена“

објавено: 28 октомври 2016 - 13:24

Почна лицитацијата во Тетово за наследник на Бруно Акраповиќ во Шкендија, а кандидати за нов тренер има многу. Се шпекулира со имињата на Јоса, потоа и на Хаси, па дури има комбинација и легендарниот Лорик Цана да пристигне на „Еколог Арена".

Но, Цана има само Б лиценца за тренер, па се најавува комбинација со поранешниот тренер на Андерлехт и на Легија Бесник Хаси, а како помошник да биде Цана.

Во игра е и поранешниот тренер на Скендербег, Мирел Јоса, кој имаше успеси и во европските натпреварувања со Скендербег, тим кој играше во фазата по групи во Европа Лигата на УЕФА. Засега сигурна варијанта е дека во недела против Шкупи во Скопје, Шкендија ќе ја предводи Јетон Беќири, како вршител на должноста тренер во Шкендија.

Најново во Фудбал