Време е за фудбал, продолжува Првата лига

Почнува „црвено-црната“ трилогија - Шкендија против Вардар за конечен расплет, или возбудлив заплет

Шкендија и Вардар ќе играат ново дерби во македонскиот фудбал, и тоа веднаш на стартот на пролетниот дел од шампионатот, а денеска во Тетово почнува првиот дел од „црвено-црната“ трилогија во кус период

објавено: 14 февруари 2018 - 11:00

Шкендија и Вардар ќе играат ново дерби во македонскиот фудбал, и тоа веднаш на стартот на пролетниот дел од шампионатот, а денеска во Тетово почнува првиот дел од „црвено-црната" трилогија во кус период.

Од 14 часот ќе почне 49. меѓусебен дуел меѓу најголемите конкуренти за титулата, а победа на Шкендија ќе значи речиси сигурен расплет во битка за круната. Шампионот Вардар има 8 бодови минус и само победа му игра, за да остане во позиција да ја одбрани титулата.

Расплет, или заплет? Како и секогаш ќе има и искри, особено во дуелите на двата капитени Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров. Последниот пат и воопшто не се поздравија на терен, што само го распламса големиот ривалитет меѓу двата клуба. Ќе биде интересно да се гледа и дебито на Висар Муслиу за Шкендија. Репрезентативецот од Вардар, преку Приштина направи маневар и потпиша за Шкендија, оваа зима.

Вардар има подобар биланс од Шкендија, што е и сосема очекувано за најтрофејниот наш клуб. Сепак денеска од 14 часот по долго време, барем на хартија Шкендија е фаворит. Тетовци се лидери и ако победат со 11 бодови разлика ќе бидат на прагот на втората титула.

Вардар има свои адути, шампионот не се откажува од круната и има квалитет за да ги освои бодовите. Двете екипи до 7. март ги чекаат уште два дуели во четвртфиналето на националниот куп.

Во останатите денешни дуели од 19. коло ќе играат Победа против Пелистер во Струмица, Работнички и Ренова во Скопје, како и Шкупи и Академија Пандев, а во Кратово Силекс ќе му биде домаќин на Скопје.

Најново во Фудбал