И Работнички почнува со подготовки

Подготвена за старт е и зимската „романтика“

Во погон од денеска е и Работнички, а во Градскиот парк во Скопје тргнува и зимската „романтика“

објавено: 10 јануари 2017 - 11:33

Во погон од денеска е и Работнички, а во Градскиот парк во Скопје тргнува и зимската „романтика". Почетокот на подготовките на нашиот најуспешен клуб на европската сцена во новиот милениум се закажани за во 12 часот.

Првата фаза очекувано ќе биде во Скопје, а главниот дел од подготовките ќе се одржи во Анталија од 26. јануари до 6. февруари. Работнички има во план да одигра четири тест натпревари во турското одморалиште, за подготвени да го пречекаат стартот на пролетниот дел на 19. февруари против Македонија Ѓорче Петров на гостински терен.

Најново во Фудбал