КАПИТЕНОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ДЕМАНТИРА ДОГОВОР СО БЕЛАСИЦА

ПОПОВ: Останувам во Вардар до јуни

„Не е точно дека јас сум пред промоција во Беласица. Мене во Вардар ме врати Сергеј Самсоненко и јас имам намера договорот кој трае до лето 2019 година да го одработам до крај", вели Горан Попов.

објавено: 5 декември 2018 - 12:31

Без разлика дали Беласица го посакува во своите редови, се чини дека нема ништо од трансферот на Горан Попов во редовите на струмичкиот прволигаш. Така барем вели самиот во изјава за „Спортмедиа".

„Не се точни информациите дека јас веќе сум се договорил со Беласица, дека сум бил пред промоција. Познато е дека мене во Вардар ме врати г. Сергеј Самсоненко, јас со него сум во постојан контакт. И затоа имам намера својот договор со Вардар, кој важи до јуни 2019 година, да го одработам до крај. Значи јас останувам во Вардар и во пролетниот дел. Потоа ќе видиме како ќе се одвиваат настаните", истакнува дефанзивецот и капитен на Вардар.

Најново во Фудбал