Вардар се одјави со триумф од подготовките во Анталија

Попзлатанов му донесе победа на Вардар

Вардар со триумф над Дукла (1:0) ги заврши контролните натпревари во Турција...

објавено: 4 февруари 2018 - 16:54

Вардар се одјави со триумф од подготовките во Анталија. Денеска на последната контрола, шампионот го совлада тимот на Дукла со 1:0.

Голот вреден победа го донесе голот на Попзлатанов во 50. минута по одлично проигрување на Фелипе.

Натпреварот изобилуваше со неколку шанси, а на почетокот Дукла ја погоди и стативата. Мечот ќе остане во сенка на повредата на Владица Брдаровски кој што мораше да го напушти теренот во 44. минута.

Исто така во вториот дел се повреди и новото име Харуна кој штотуку влезе во игра мораше да излезе.

Утре Вардарци се враќаат во Скопје.

Најново во Фудбал