НАМЕСТО ПОДОЛГ ОДМОР, МОРААТ ДА ТРЕНИРААТ

Поради Вардар патат фудбалерите

Поради настапот на Вардар во групната фаза од Лига на Европа, дел од македонските екипи мораа да продолжат со тренинзи за да шампионот ги доигра заостанатите натпревари. 

објавено: 12 декември 2017 - 14:00

Настапот на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите им создаде проблеми на дел од екипите во домашниот шампионат. Фудбалерите на Академија Пандев, Работнички и Шкупи се принудени да тренираат нешто подолго од предвиденото, наместо да одат на заслужен одмор, кој едвај го чекаат.

На оваа листа се најдоа Академија Пандев, Работнички и Шкупи. „Црвено-црните“ пред два дена го одиграа заостанатиот дуел со Академија Пандев во рамките на 17 коло од ПМФЛ, а веќе утре ќе ги одмерат силите со Работнички, меч од домашниот шампионат.

„Жртва“ на настапите на Вардар на европска сцена е Шкупи, играчите на овој тим ќе мора да тренираат до крајот на неделава за да го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија.

Дел од фудбалерите не кријат дека им пречи што мораат (ле) да тренираат неколку дена повеќе, бидејќи од август играат натпревари и веќе се преморени. Како што велат самите и одморот веќе им е скратен, особено ако се земе во предвид дека по 3. јануари се враќаат на клупските обврски.    

 

Најново во Фудбал