Заборавија кога последен пат загубиле

Последен пат паднаа на „Максимир“, Вардар стаса до кота 17

Македонскиот шампион Вардар лесно победи против Македонија Ѓорче Петров и стаса до импонзантната кота 17, односно е без пораз на 17 натпревари во низа

објавено: 16 ноември 2016 - 15:40

Македонскиот шампион Вардар лесно победи против Македонија Ѓорче Петров и стаса до импонзантната кота 17, односно е без пораз на 17 натпревари во низа.

Во домашното првенство „црвено-црните“ се лидери со биланс од 10 победи и 4 нерешени, а имаат и 3 триумфи во националниот куп. Последен пораз им е тој на „Максимир“ од 2:3 со Динамо Загреб, екипа која со две победи го елиминира Вардар во квалификациите за настап во Лигата на шампионите.

Без разлика на квалитетот на нашата Прва Лига и на националниот куп, подвигот на Вардар и серијата од 17 натпревари се за респект и се реткост во европските фудбалски лиги.

Најново во Фудбал