Раритет кај нас, играч да премине од Шкендија во Вардар

Потврдена трансфер бомбата, Вардар го претстави Бесир Демири (Фото)

И тоа се случи во мак-фудбалот, играч на Шкендија да направи трансфер во Вардар, во редовите на лутиот ривал за титулата, а бомбата е Бесир Демири, кој потпиша за шампионот и ќе игра за Вардар во следните три години

објавено: 24 декември 2016 - 13:45

И тоа се случи во мак-фудбалот, играч на Шкендија да направи трансфер во Вардар, во редовите на лутиот ривал за титулата, а бомбата е Бесир Демири, кој потпиша за шампионот и ќе игра за Вардар во следните три години.

Младинскиот репрезентативец денеска беше претставен во новиот клуб и во новиот дрес со „црвено-црни“ бои.

„Задоволството е големо што станав дел од Вардар. Ова за мене е голем предизвик. Се надевам дека ќе ги исполниме амбициите на раководството на екипата. Амбициите и целите ми се познати, а тие тие се двојна круна оваа сезона. После тоа да направиме успех и на меѓународна сцена. Среќен сум што станав дел од Вардар, и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Да се подготвиме добро за предизвиците во пролетниот дел од сезоната. Со голем дел од играчите на Вардар се познавам од настапите во Првата лига и во младинската репрезентација, и мислам дека ќе немам проблем околу адаптацијата", изјави новиот член на шампионот.

Неофицијално отштетата за Шкендија е околу 30 илајди евра, што е скромна сума за квалитетен играч каков што е 22-годишниот скопјанец. Бесир игра на позицијата лев бек, но може да настапува не уште неколку позиции, а со младата репрезентација, каде е стандарден член на првата постава го очекува настап на ЕП во Полска.

Најново во Фудбал