Прес-конференција на Победа пред продолжението на сезоната

Прилепчани сакаат да бидат во првата „шесторка"

Попладнево во клупските простории на Градскиот стадион „Гоце Делчев", на прес конференција в.д. извршниот директор на клубот Ирена Јакимовска говореше за актуелните состојби во клубот и очекувањата од продолжението на шампионатот:

објавено: 13 февруари 2018 - 19:20

Со натпреварите од 19. коло и дуелот со Пелистер во Турново, фудбалерите на Победа ја започнуваат пролетната полусезона во шампионатот 2017/2018 на Првата лига.

Попладнево во клупските простории на Градскиот стадион „Гоце Делчев", на прес конференција в.д. извршниот директор на клубот Ирена Јакимовска говореше за актуелните состојби во клубот и очекувањата од продолжението на шампионатот:

„Oна што е клучно да кажеме е дека денеска се исплати првата плата за оваа сезона. На сите им беше извршена уплатата така да по овој прес имаме состанок со фудбалерите да им го соопштиме тоа бидејќи многу е клучно и битно да се задржи довербата кај фудбалерите бидејќи ние тоа го ветивме.
Истовремено, тие врз основа да таа доверба да се изборат за соодветен резултат кој го очекуваме. Моите лични амбиции, во однос на оваа полусезона се секако шестата позиција, која што ќе ни донесе стабилност, со цел да продолжиме и понатаму во новата полусезона, каде ќе разговараме за наредните амбиции.
Јас сум среќна и задоволна од тимот, непречено работевме во овој временски период, интензивно и без никакви опструкции и со големо разбирање. Потрошивме многу време и енергија, со оглед на тоа што почнавме многу доцна. Ревидирањето на новата постава и преструктуирањето во однос на депозитарниот архивар и централниот регистар, промените стварно ги почнавме многу касно и во многу краток временски период успеавме да профункционираме, се надевам успешно", истакна Јакимоска.

Таа искажа голема благодарност до Шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања за избраниот тим, а се заблагодари и до спонзорите.
Спортскиот директор на клубот Јане Николоски потенцира дека нималку не беше едноставна задачата. Победа во зимскиот преоден рок никогаш не довела 11 играчи, а дали тие ќе биле 11 засилувања, тоа ќе го докажеле самите.

„Меѓутоа, мислам дека она што ни беше како цел и она што ни беше дадено као задача од Шефот на стручниот штаб, мислам дека 90% го остваривме. Единствено што може да жалиме е што не успеавме да го ангажираме и нашето 12 засилување, а тоа е Стефан Грбовиќ, кој имаше проблеми со документацијата.
Верувајте дека сè беше договорено, не е наша вина, туку едноставно беше недоразбирање меѓу него и неговиот бивш клуб Партизан. Меѓутоа тоа е завршена работа, со она што го имаме на располагање, со тоа ќе играме. Со тоа шефот ќе состави еден тим, со кој се надевам дека уште од утре успешно ќе започне и втората полусезона. Сето останато е на Стручниот штаб и на играчите кои се надевам ќе го дадат својот максимум и се надевам дека утре ќе се израдуваме со три бода кои што ќе ни дадат малку поголема волја и малку поголем мир во продолжение на првенството“.

Шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања искажа благодарност на новото раководство.

„Конечно состојбите во клубот се стабилизирани, а есеноска имаше проблеми со доцнење на исплатите. Сега е како треба и морам за ова посебно за се заблагодарам на ВД Претседателката Јакимовска, затоа што да не беше таа сигурно ќе беше многу многу потешко. Сигурно дека и таа и идниот претседател Стојковиќ и Спортскиот директор Николоски дадоа свој придонес да се направи тим и селекција. Доведовме 11 но ни заминаа 14 играчи. Се обидовме да ангажираме зацртани засилувања. Сигурно задоцнивме околу комплетирањето на тимот, поради промените во клубот и подоцниот старт на подготовките, ако беше од почеток работите ќе беа како што треба. Јас секогаш сум искрен, така е и овојпат, и не сум сигурен во целост дали сите ќе бидат засилувања, бидејќи тука има играчи кои подоцна се приклучија и кои дојдоа тука да се докажуваат.
На крајот фокусот беше што повеќе прилепчани да останат а дали не сме погрешиле ќе покаже крајот на сезоната. Она што го доведовме и што мислиме дека се јас сметам дека се вистински засилувања. Никогаш не истакнувам поединци но доведовме голман -интернационалец - Тофилоски, кој ќе биде наш капитен, а тука е и Даноски, кој исто така е со завидна интернационална кариера...Тоа се вистинските засилувања"- потенцираше Бубања.

Најново во Фудбал