Се интензивираат тренинзите на Победа

Прилепчани се посилни од проблемите, на ред е малку гимнастика (Фото)

Финансиските проблеми во Победа се уште не се надминати, но фудбалерите кора да мислат и на зимските подготовки, за што подобро да се подготват за пролетниот дел од шампионатот, во трката за опстанок во прволигашкото друштво

објавено: 13 јануари 2018 - 13:30

Финансиските проблеми во Победа се уште не се надминати, но фудбалерите кора да мислат и на зимските подготовки, за што подобро да се подготват за пролетниот дел од шампионатот, во трката за опстанок во прволигашкото друштво.

Од денеска ќе има двојна програма, по принципот, наутро во теретана на малку гимнастика и вежби за подобрување на физичката кондиција и попладне на терен со топка.

Победа има финансиски проблеми, но во Прилеп се надеваат на скоро надминување на ситуацијата. Првиот пријателски меч прилепчани ќе го играат во вторник во Охрид против Шкендија.

Најново во Фудбал