Слаба дефанзива на Победа

Прилепчани си дремеа, тетовци лесно погодуваа (Видео)

Прилепчани како се уште да не се разбудија од зимскиот сон, па денеска против Шкендија одиграа многу слабо, особено во одбраната, што со три гола го казнија тетовци

 

објавено: 3 март 2018 - 16:42

Прилепчани како се уште да не се разбудија од зимскиот сон, па денеска против Шкендија одиграа многу слабо, особено во одбраната, што со три гола го казнија тетовци.

Голови како на маалски фудбал, без отпор, со многу леснотија и од близина. Прво погоди Радески во десеттата минута од пет метри непречен од никого, а целата акција на Шкендија одеше мазно. Без обид да се спречи ниту голот, ниту претходно целата акција на Шкендија.

Потоа на сличен начин и Изаир Емини погоди за 2:0, а лесно му беше и на репрезентативецот Висар Муслиу да ја запечати победата. Со гол од еден метар на празна мрежа. Шкендија навистина игра добро, но денеска прилепчани како да кренаа „бело знаме“ уште пред да почне мечот.

Погледнете ги головите од Тетово.

Најново во Фудбал