Лидерот ефикасен, фенерџијата полетен

Пролет за мерак, Скопје ја победи Победа, Шкендија го распука „гипсот“ на Ренова

Фенерџијата во Првата лига, ФК Скопје продолжи со чудата во пролетниот дел од шампионатот и осми меч во серија е непоразен, а денеска со победата од 1:0 против Победа станува сериозен кандидат за продолжување на прволигашкиот живот

објавено: 7 април 2018 - 18:02

Фенерџијата во Првата лига, ФК Скопје продолжи со чудата во пролетниот дел од шампионатот и осми меч во серија е непоразен, а денеска со победата од 1:0 против Победа станува сериозен кандидат за продолжување на прволигашкиот живот.

Ѓоко Алексовски со гол во 33. минута успеа да дојде до предност на мечот што се играше во Струмица и потоа да ја задржи предноста и да ги победи прилепчани. И да стаса само на еден бод до Победа во битката за избегнување на најлошото и преселба во понизок ранг на натпревари.

Во Тетово, Шкендија ја декласира Ренова со 5.0 во локалното дерби, иако лидерот настапи без шестмина стандардни првотимци. Шкендија ќе биде нов првак на Македонија, а и денеска ја потврди супериорноста во шампионатот. Емини најави нова победа, а потоа Радески и Шефити со по два гола ставија печат на „петардата“.

Академија Пандев успеа да освои бод против шампионот Вардар , со што остана во трката за излез во Европа. Чешмеџиев им донесе предност на струмичани, но Максимов израмни за конечни 1:1.

Мечот меѓу Шкупи и Пелистер беше одложен поради труење на дел од екипата на битолчани, додека во премиерата на 26. коло Работнички со 2:0 го победи Силекс.

Најново во Фудбал