Сега веќе реални се шансите за опстанок

Пролетно цутење на фенерџијата - Скопје го декласира Шкупи

Фенерџијата Скопје игра одлично во пролетниот дел од шампионатот и веќе нанижа шест меча без пораз, а денеска неочекувано лесно го победи Шкупи со 2:0

објавено: 18 март 2018 - 15:59

Фенерџијата Скопје игра одлично во пролетниот дел од шампионатот и веќе нанижа шест меча без пораз, а денеска неочекувано лесно го победи Шкупи со 2:0.

Локалното скопско дерни се играше во Гостивар, а Скопје во улога на гостин со по еден гол во двете полувремиња и тоа во иста минута, деветтата забележа победа.

Најпрво Десниќ искористи грешка на Типуриќ и на Кривањева и погоди во деветтата минута за 0:1, а во 54. минута Кофи зголеми на 2:0 за Скопје. Екипа која сега има 20 бода и многу реални шанси за опстанок, иако тоа изгледаше невозможна мисија до стартот на пролетниот дел од шампионатот.

 

Најново во Фудбал