УБЕДЛИВА ИГРА НА ТЕТОВСКИТЕ „ЦРВЕНО-ЦРНИ“

ПРВ ТЕСТ: Шкендија со „плус два“ против Победа

Есенскиот првак со 2:0 славеше против прилепскиот прволигаш во првиот „тест". Стрелци на головите беа Жуниор и Емини

објавено: 16 јануари 2018 - 14:39

Зимски победнички старт на Шкендија.

Актуелниот лидер во македонскиот шампионат ја победи прилепска Победа со 2:0 во својот прв зимски контролен меч.

Денеска во Охрид есенскиот првак во текот на целиот меч доминираше на теренот, одигра сосема солидно како за прв натпревар, и со головите на Жуниор во 45. и Емини во 57. минута успеа да слави на дприлепчани кои имаа нешто задоцнет старт на подготовките. .

Најново во Фудбал