ПРВА ЛИГА, 30. коло

Победа гостува на жешкиот „Чаир“, Пелистер мора да најде „рецепт“ за Силекс

Пелистер нема друг избор освен триумф над кратовци

објавено: 25 април 2018 - 12:30

Денеска се игра 30. коло од Првата лига на Македонија во кое има неколку интересни средби, особено за опстанокот. Секако дека најинтересно ќе биде на градското дерби во Скопје каде што Вардар ќе го дочека Работнички. Тој меч започнува во 15 часот.

Академија Пандев во Турново го пречекува сега веќе новиот првак Академија Пандев. „Академците“ со честитки ќе го дочекаат новиот шампион кој што и теоретски ја обезбеди титулата со триумфот над Шкупи минатото коло.

Ренова и Скопје ќе „бијат“ интересна битка која може да има големо значење за опстанокот. „Гипсарите“ можат дефинитивно да направат втор чекор кон опстанокот со три бода. Скопје, пак, ќе мора да најде начин како да ја врати старата форма од првиот дел од пролетта за да се надева на останување во „елитата“.

Интересно ќе биде и на „Чаир“. Победа „осоколена“ после триумфот над Вардар, сега гостува на жешкиот терен на екипата на Шкупи. Предноста на момците на Зекирија Рамадан во моментов е четири бода пред прилепчани, и со триумф прават голем исчекор кон директниот опстанок, и ќе ги остават трите тима да се борат за „гол живот“.

Пелистер нема друг избор денеска освен триумф над третопласираниот Силекс. На битолчани ќе им биде тешко после двете „катастрофи“ во последните две кола, а особено што кратовци сега ќе одат во „потера“ на Вардар кон второто место.

ПРВА ЛИГА 30. КОЛО

Вардар - Работнички 15 ч.

Шкупи - Победа 16 ч.

Академија Пандев - Шкендија 16 ч.

Ренова - Скопје 16 ч.

Пелистер - Силекс 16 ч.

ТАБЕЛА:

1. Шкендија 75

2. Вардар 49

3. Силекс 45

4. Работнички 38

5. Ак. Пандев 35

6. Ренова 34

7. Шкупи (-1) 33

8. Победа 29

9. Пелистер (-1) 25

10. Скопје 25

Најново во Фудбал